Роден на 17 јуни 2005 година ,живее во н.Илинден ,каде и го заврши основното образование ,денес ученик во средни фискултурно училиште во Скопје.
Дејан со ракомет започна да се занимава пред 3 години во РК Илинден и за кратко време постигна забележителни резултати , за што голема заслуга имаа неговите тренери Александра и Дарко Јанев ,двајца поранешни државни ракометни репрезентативци.
Веќе две години настапува за РК Бутел ,на местото пикер, а деновиве му беше понудено и тој потпиша професионален договор со РК Бутел.
Игра за младинската кадетска лига на Македонија.
Се надеваме дека по Пешевски, Дејан ќе стане вториот репрезентативец –пикер од Илинден.