Дарио Десниќ – фудбалер,од Младинската Фудбалска Школа Илинден до најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ,Вардар.
Тој ќе го облече црвено-црниот дрес, доаѓа од екипата на ФК Скопје , а потпиша договор на 1 година за Вардар.
Инаку Дарио Десниќ, потекнува и живее во Кадино-Илинден .
Потекнува од спортска –фудбалска фамилија , со фудбалот започна на 9 годишна возраст во школата на Славе Радевски Младинската Фудбалска Шкоа „Илинден“-Илинден.
Неговиот фудбалски талент беше забележан од фудбалските манаџери и набргу беше ангажиран во ФК Цементарница-55, каде се задржува една година ,а потоа преминува во Маџари каде игара 2 години за подоцна да се пресели во Шкупи (поранешна Слога Југомагнат )каде се задржува една година за да се врати во Кадино каде настапуваше извесен период и таму станува најдобар стрелец на 3 фудбалска лига .
Во Вардар дојде од ФК„ Скопје“-Скопје,каде најчесто настапуваше на позицијата ,лев крилен напаѓач или централен напаѓач.
Населба Илинден му посакува успешна фудбалска кариера .