Гоце Георгиевски, ракомет
Гоце Георгиевски (од фамилија Пиличковци) е роден во 1987 година во Илинден. Тој, во неговата досегашна десетгодишна кариера (од 2003 до 2013 година), бил три години играч во младинска категорија (од 2003 до 2006 година) и седум години професионален играч (од 2006 година). Настапува во својот матичен Ракометен Клуб “Металург“ од Скопје. Со јуниорската екипа на клубот два пати ја освојува титулата на младински првак на Македонија, а како младински репрезентативец, учествувал и на Светското јуниорско ракометно првенство во Охрид, каде со екипата го освоил десеттото место. Во своите досегашни професионални настапи за својот клубот “Металург“, тој и останатите ракометари досега биле четири пати ракометни шампиони на Македонија и четири пати освојувачи на првото место во Купот на Македонија. Особено видни настапи и резултати Гоце како ракометар на Металург има забележано на меѓународна сцена. Четири пати учествувал во Лигата на европски ракометни шампиони, а во сезоната 2012/13 година со настапот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, го постигнува и најголемиот клупски успех на машкиот ракомет во Република Македонија. Тој, од 2007 до 2013 година е и активен репрезентативец на ракометната репрезентација на Македонија, за која, досега, има одиграно 24 официјални натпревари и постигнати 50 гола. Во јануари 2013 година настапи на Светското ракометно првенство во Шпанија.Веќе неколку години настапуваше најнапред за ТУЛУЗ -Франција и денес настапува за Букурешт-Романија