Илинден расадник на фудбалски голмани

0
284

Љупчо КметовскиРакуш,Мето Велковски и Бојан Тимевски –успешни голмани од нашата средина.

Љупчо Кметовски,поранешен голман имаше богата и успешна фудбалска  кариера во многу фудбалски клубови во Македанија.

За време на неговата спортска кариера настапуваше за многу Македонски прволигаши и еден период беше прв голман на Македонската фудбалска репрезентација

Инаку, неговите фудбалски почетоци се врзуваат со ФК “Илинден“. 

По завршување на фудбалската кариера Љупчо неколку години работеше со младите идни голмански надежи во младинските категории на ФК Вардар-Скопје.

Со неговото фудбалско знаење Љупчо создаде двајца млади голмани од нашата средина кои денес настапуваат во македонските фудбалски прволигаши.

МЕТО ВЕЛКОВСКИ

Мето Велковски, израсна во еден од најдобрите голмани во македонската лига,настапуваше во многу македонски прволигаши, денес голман на ФК СИЛЕКС-Кратово.

Бојан Тимевски исто така голман , ученик на Љупчо, денес успешен голман  на скопски ФК „РАБОТНИЧКИ

БОЈАН ТИМЕВСКИ

Голем придонес за нивниот спортски развој има нашиот истакнат фудбалер –голман Љупчо Кметовски-Ракуш.

Населба Илинден на сите тројца наши успечни спортисти им посакува успех во понатамошната спортска кариера.

Претходниот артикал,На денешен ден 7 Април
Следната статијаМладинци од Илинден во 70-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука