Учителите-просветните работници се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.
Да се биде учител значи да се работи најблагородната професија, но да се биде добар учител е доблест, одговорност, посветеност и љубов кон учениците, несебично пренесување на знаењето, објаснување и проучување. Учителот е најзначајната алка во образовниот процес без која не може да се постигне успех и да се формира високо квалитена едуцирана личност.
По повод денот на учителите денес особена посветеност ќе посветиме на неодамна починат Наставник, Љубе Димовски и претходно Васил Велинов ( Нека почиваат во мир).
И двајцата целиот работен стаж го поминаа во нашето ООУ Гоце Делчев –н. Илинден ,се вработија како наставници , а се пензионираа Васил извесно време беше ВД ,а Љубе директор на училиштето.
Покрај воспитувњето на учениците и раководење на училиштето тие дадоа голем придонес и во активностите во развојот општествениот и спортскиот живот во населбата.
Васил извршуваше покрај другите и функцијата Претседавач со Советот на Општина Илинден.
Љубе со неколку годишно раководење во 90-те години со ФК Илинден успеа да создааде тим и услови за натпреварување на клубот во втората Македонска лига.
Сите порано починати учители нека почиваат во мир.
А, на денешните учители им посакуваме успешна работа,добро здравје и долг живот.