Две Илинденки, Мартина и Ева-во ракометната репрезентација-кадети.

0
565

Селекторот на женската кадетска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното Европско првенство во кадетска конкуренција.

На поширокиот список од 35 ракометарки се најдоа и две наши ИЛИНДЕНКИ, левеиот бек Мартина Ангеловска,која настапува за ХК Торсланда –Шведска , како и средниот бек Ева Ѓорѓиевска која настапува за РК Илинден Вардар.

И, не само што се и двете од Илинден, интересно е и тоа што и двете, Ева по мајка, а Мартина по татко и се од ист фамилијарен род од Илинден.

Европското кадетско првенство ќе се одржи во Црна Гора во период од 3 до 12 август.

Македонија ќе игра во групата „Д“ заедно со репрезентациите на Унгарија, Романија и Франција.

Населба Илинден на Македонската репрезентација и посакува успех на европското првенство.

 А,на нашите Мартина и Ева им посакува успешна ракометна кариера и да бидат достојни замени за нашите сограѓанки поранешни ракометни репрезентативки: Валентина Радуловиќ,Александра Стаменковиќ-Јанев,Фросина Крстевска –Голубовска и други.

Претходниот артикал,Центарот на Дељадровци
Следната статијаФотографија направена во Бучинци-2011 г.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука