Од Илинден до Вардар, МЕТОДИЈА ВЕЛКОВСКИ –голман
Методија е роден и живее во Населба Илинден .
Со фудбал започна да се занимава на својата седумгодишна возраст во Младинската школа на ФК „Илинден“-од населба Илинден ,каде има настапувано во младинската екипа.
Потекнува од спортско семејство , од каде произлегоа неколку поранешни фудбалери на ФК „Илинден“ .
Да напоменеме дека како младинец во Вардар беше капитен на црвено-црните, потоа собираше сениорско искуство пред повторно да се врати дома. Најпрвин половина сезона замина во ФК Илинден клубот чии голман беше и неговиот покоен татко Саше. Покрај четири тима во земјава имаше и кратка авантура во соседна Бугарија. Конечно се враќа во неговиот матичен клуб Вардар каде што порасна фудбалски под менторството на уште еден легендарен голман и тренер од Населба Илинден, Љупчо Кметовски-Ракуш
Во својата досегашна кариера има настапувано во неколку македонски пролигашки и второлигашки клубови Силекс, Струга, Осогово, Маџари и Кадино.
Велкоски воедно ги има поминато и сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија.
Населба Илинден на Мето Велковски ,му посакува успешна фудбалска кариера, во нашиот најтрофеен клуб Вардар, со надеж дека ќе стане член и на македонската фудбалска репрезентација