НИКОЛА ЛЕФКОВ–ВЕЛОСИПЕДИСТ,од Марино – Илинден.
ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО(СЕНИОРИ) НА СПОРТСКИОТ ВИКЕНД НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ТРКА ШТО СЕ ОДРЖА НА 23 ЈУЛИ-2016г.,ВО ИЛИНДЕН. .
Роден е на 8 октомври 1997г.,основно училиште завршил во во ОУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“во населба Илинден ,со средно образование се стекна во СУГС„Панче Арсовски“-Скопје.
Никола Лефков,започна да се занимава со планински велосипедизам,интересот кон планинскиот велосипедизам се јавува на негови 17 години кога започнува и да вози рекреативно.
Сега Никола настапува во категоријата на друмски велосипедизам.
Од 2015 година тој започна посериозно да се занимава со велосипедизмот кога и станува член на велосипедскиот клуб “Energi”.Во изминатава година тој оствари неколку големи резултати како:
27.03.2016 Со велосипед на факултет – 2 место 17.04.2016 Трфоеј Кичево – 3 место 08.05.2016 Државно ридско првенство – 1во место 29.05.2016 Државно првенство хронометар – 3 место 02.07.2016 Балканско првенство хронометар – 16 место 23.03.2016 .
Секако -1 место што го освои вчера на 23 јули 2016г. на Спортскиот викенд „Илинден 2016г.“ на професионалната велосипедска трка, во должина од 100 километри,на која учествуваа повеќе од 70 велосипедисти му беше една од поголемите победи и резултати.
Никола со постигнатите резултати сега е прв на Ранг-листа во најсилната категорија во Македонија СЕНИОРИ (елит).
Следна трка на која ќе учествува е меѓународна етапна трка во Косово на 24.08.2016 и ќе ги доврши трките (уште 2) во Македонија и целта есо цел да се задржи првото место на ранг листата.
Населба Илинден на НИКОЛА му посакува успешна спортска кариера








































