Лука -Боксерскиот тајфун од нашата населба ,здраво гази во рингот , по неодамнешниот успех денес уште еднаш го докажа својот талент .
Имено на вчерашниот меѓународен боксерски турнир „Арена Куп“2023, каде настапија боксери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија,Лука постигна голем успех.

Во силна меѓународна кункуренција Лука Трифуновиќ го освои првото место во својата категорија до 16 годишна возраст.
Покрај тоа Лука беше прогласен и за најфер плеј боксер на турнирот.
Турнирот беше одржан во Скопје во СЦ„ Борис Трајковски “ во организација на Б.К. Чаир.
Во оваа прилика нашиот боксер искажа голема благодарност кон сите кои му пружат подршка, а особено се заблагодарува за довербата што ја има Боксерската Федерација на Македонија односно нејзините функционери Примислав Димовски и Фатон Салиху.

Исто така Лука искажува голема благодарност кон своите тренери Тони Насковки и Дарко Симуноски и својот матичен клуб, Б.К „Илинден“-населба Илинден..
Населба Илинден на Лука му посакува успешна боксерска кариера!