Тамара Ѓуроска, 21 годишен студент по психологија, уметник.
Таа е нова наша сограѓанка,со уметност се занимава целиот живот, за прв пат учествуваше на групната изложба од уметници кои живеат или потекнуваат од нашата средина, која се отвори на 5 –ти овој месец во Домот на Илинден Културата.
Всушност во поголем дел од нејзините сеќавања таа секогаш се гледа како ги држи боиците во рака.
Нејзиниот талент за цртање најпрво го има препознаено нејзината наставничка од забавиште, Лиле, а потоа и сите останати наставници. Со текот на годините се повеќе се занимавала со цртање, а при тоа го користела интернетот гледај ќи видеа на YouTube, и читајќи книги за различни техники на цртање, боење, а особено ја проучувала анатомијата на човекот.
Претежно е насочена кон портрети изработени со акварел, но често си поставува и предизвици, сѐ со цел да излезе од нејзиниот комфорт зона и да го надмине нејзиниот лимит. Постојано работи на усовршување на своите вештини, но сепак сѐ уште се смета дека е далеку од титулата „професионален уметник”.
Бидејќи студира психологија, цртањето и е подредено на расположивото време што го нема баш многу , но сепак гледа да не помине многу време без некоја уметничка шкртка.
До сега има учествувано во неколку заеднички изложби, од кои неколку беа од хуманитарен карактер.
Следи многу современи уметници, без разлика дали користат дигитални или традиционални техники, но сепак најмногу се восхитува на Винсент Ван Гог, Фрида Кало, Густав Климт и Јоханес Вермир.
Нејзините дела ги закачува на следниот линкhttps://www.instagram.com/










































