Во Р.К. Илинден тренирам веќе 3 години, за мене ракометот е повеќе од спорт, ме исполнува и имам огромна љубов кон него. Среќна сум што сум дел од вакво опкружување каде што има добра работа, забава, пред се убава дружба и тим со прекрасни тренери кои што вложува во нас и ми даваат совети за подобрување на моите квалитети како спортист. Секој тренинг и секој натпревар е прилика за учење, подобрување и раст.