ЕЛЕНА ПЕШЕВСКА –РАКОМЕТАР

0
1112

 Елена е на возраст од 15 години, основно образование заврши во ООУ “Гоце Делчев”-населба Илинден, живее во н.Илинден. Настапува како голман во РК Илинден Вардар. Ракометниот  потенцијал на Елена беше откриен од тренерите Дарко Јанев и Александра Јанев и од која се очекува да биде одличен чувар на мрежите на РК Илинден Вардар ,а покасно и на други домашни и инострани клубови. Со ракомет Елена се занимава веќе 5 години.А, желбата да се занимава со ракомет произлезе од успехот на нашите поранешни и сегашни ракометни репрезентативци,Радуловиќ,нејзиите денешни тренери Јаневи,Гоце Георгиевски,Жарко Пешевски-сите наши сограѓани.

На неодамна одржаниот меѓународен турнир  во Бања Лука, на кој  учестуваше и РК Илинден Вардар, Елена беше прогласена за најдобар голман на турнирот.

На фотографијата Елена и нејзиниот тренер Дарко Јанев.

 Идоли и се Борко Ристовски и Никола Митревски.

 Населба Илинден на Елена и посакува успешна спортска кариера.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 4 Јули
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -5 јули

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука