Роден е на 20 март 2001година ,живее во Илинден.
Со фудбал почна да се занимава од својата седма година , помина низ двете фудбалски школи во Илинден.
Потоа помина во младинската школа на ФК Металург каде играше три години.
Играјќи во младинската екипа на ФК Металург, со својата генерација го освои купот.
Настапуваше на многу турнири во Македонија калејќи се играјќи против своите врсници од најсилните македонски фудбалски прволигаши.
Дамјан, добри игра прикажа на турнирот во Белград ,со особена радост се потсетува на голот што го постигна против Партизан.
На меѓународниот турнир во Равена –Италија, каде со неговата екипа стигнаа до четврт финалето, а Дамјан беше стрелец против екипите на ФК Озон од Лион,ФК Равена од Палермо и други.
Од летоска настапува Nju stars од Ѓорче Петров и е стандарден првотимец во генерацијата една година постари од него.
Настапува на повеќе позиции како бек,крило,полушпиц или деструктивен играч за врска ,во зависност од тактичката замисла на стручниот штаб.
Населба Илинден на Дамјан му посакува успешна фудбалска кариера.










































