Христијан Анѓеловски-ракомет

0
124

ХРИСТИЈАН АНЃЕЛОВСКИ-РАКОМЕТАР
Роден на 29-04-2000г. во Скопје ,живее во населба Илинден .
Основно училиште заврши во ООУ„Гоце Делчев“во населба Илинден ,денес е ученик во СУГС Владо Тасевски-Скопје.
Првите ракометни чекори Христијан ги направи во ракометната школа„ФРОСИНА“ , под водство на нашата ракометарка , Фросина Крстевска .
Од 2012г. е член на еден од најтрофејните македонски ракометни клубови Металург –Скопје .
Настапува на позицијата среден бек ,а поретко и на позицијата лев бек.
Со кадетската екипа го има освоено првото место во лигата,прво место на „Скопје куп“и многу први места на многу турнири во Македонија.
Сепак како еден најголемите успеси, од многуте турнири го издвојува меѓународниот турнир во Смедерево што се одржа во 2015г., на кој учествуваа 24 екипи ,а неговата екипа ,односно РК„Металург“го освои првото место без ниеден пораз.
Инаку неговата генерација (2000и 2001)се натпреварува во две категории Кадетска и Младинска .
Во младинската лига минатата сезона за малку им се„лизна од раце“освојувањето на лигата ,но затоа пак во Кадетската лига беа супериорни и се здобија епитетот „најдобри“прикажувајќи одлични игри без нитуеден пораз.
Идоли му се Кирил Лазаров и Филип Миркуловски.
Во иднина се гледа како стандарден првотимец на РК „Металург“,како македонски ракометен репрезентативец…
Населба Илинден на Христијан му посакува успешна кариера.

Претходниот артикал,Даниел Костадиновски-Џиу Џицу борец
Следната статијаШтрково гнездо

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука