Фудбалот во Миладиновци ,како и во останатите околни села започнал да се игра одма по втората светска војна.Почетоците на спортот и културата ја спроведувале месните народни одбори ,формирајќи разни младински секции и клубови.
Се до 50/60-те години од минатиот век фудбалот се играл неорганизирaно во некои лиги или сојузи ,туку се договарале натпревари со околни села и пошироко.
Со формирањето на општина
Петровец 1955 година по неколку години се формира и општинската фудбалска лига
каде настапува и Миладиновци.
Во 80- години од минатиот век фудбалскиот клуб од Миладиновци се натпреваруваше во скопската општинска лига под името СУПЕР-98 , во знак соработка со Рафинеријата ,која едно време го носеше името „Миладиновци“,потоа „13 Ноември“ и денес „ОКТА“.
По овој период настана
неактивност на клубот ,а во 2008 истиот е реактивиран ,каде и до денес е
активен и настапуваа во 4-та македонска Лига ,при меѓу општинскиот фудбалски потсојуз Гази Баба.
Фотографијата во прилогов е
од 2018година.