Тодорова Сабота- Тодорица

0
776

Прва сабота од великиот пост православните верници денеска го слават пазникот Тодорова Сабота – Празник на приврзаноста кон велигденскиот пост.
Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

НАРОДНИ ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА :Подолу наведените обичаи и верувања се од минатото ,денес речиси и не се практикуваат .

Во повеќе краишта на Македонија во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача,”. Овој обреден леб од горната страна е украсен со разни фигури: волови, плуг, јарем, коњи, коњски плочи, трло со јагниња и сл. Во црквата лебот се става во чинија врз која има варена пченица и пченка и бидејќи лебот во средината има дупка низ неа се забодува свеќа која што се запалува. Подоцна откако свештеникот ќе отпее молитва и ќе го благослови лебот и другите продукти свеќата се гасне под мишка и се чува цела година за лекување разни болести и за одврзување магии. Во црквата од лебот се раздава „за мажо здравје”, „за воловско здравје”, „за коњско здравје” и тн. Чатениот леб се носел во штала за да му се подаде на добитокот да го гризне (односно, да ја начне погачата, како што се вели меѓу народот). Потоа, на роговите од добитокот се палела по една свеќа во знак на благодарност за работата и бериќетот. .Чатената варена пченка во црква, по враќање дома, домаќинот ја разнесувал по нивите, овоштарниците,ливадите ја расфрлал, со цел годината да биде родна,изговорајќи:„Господе, колку зрна,толку товари ,бериќет да ни дадеш“
По традиција, на овој ден секое семејство за јадење подготвувало варена пченка во зрна.

Претходниот артикал,Поглед на населба Илинден
Следната статијаФК Миладиновци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука