Турнирите во мал фудбал одсекогаш биле прифатени и се одржувале во многу наши населени места во нашата средина.
Денес Ви преставуваме една од многуте екипи, МАКО-ТЕХНА која го освои првото место на еден од турнирите што се одржа во Марино во 80-те години од минатиот век.
Карактеристично за оваа екипа што таа е составена од фудбалери од повеќе населени места како од Илинден,Кадино и Петровец.
На фотогрфијата горен ред:Тодорче-Тоцко од Кадино,Владо-Мопи Јовановски од Илинден,Ненатко Арсовски од Илинден,Љупчо од Петровец,Звонко Најдовски од Кадино.
Долен ред:Бране,Пере од Петровец,Момчило Најдовски од Кадино и Драгче од Петровец.