МАКЕДОНСКИТЕ ХОКЕАРИ ОСВОИЈА ЗЛАТО ВО ГЕРМАНИЈА

0
121

МАКЕДОНСКИТЕ ХОКЕАРИ ОСВОИЈА ЗЛАТО ВО ГЕРМАНИЈА
И НА ОВА ПОЛЕ СМЕ ЈАКИ ,ТУКА БОИТЕ НА ИЛИНДЕН ГИ БРАНИ НАШИОТ СОГРАЃАНИН-Zoki Louvski.
Македонската хокеарска репрезентација феноменалната низа на резултати ја заокружи со завршна победа во големото финале на „Девелопмент купот“, остварувајќи голем триумф над селекцијата на Португалија која едноставно се покажа како недораснат противник за нашата селекција.
Црвено-жолтите“ стигнаа до биланс од пет победи на пет одиграни натпревари на турнирот кој се одржа во германскиот град Фусен, докажувајќи дека немаат достоен ривал во оваа конкуренција на репрезентации кои немаат изградено затворени хокеи арени.
Како и во вчерашното полуфинале со Андора, Македонија тргна фуриозно уште на самиот старт, а прашањето околу победникот беше решено по втората третина во која нашите хокеари имаа предност од 7:1. Во последниот период, победата беше потврдена со конечни 9:3, а на тој начин беше повтрден златниот медал кој сосема заслужено замина во рацете на нашите хокеари.

Претходниот артикал,Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски,пречекани од своите сограѓани
Следната статијаООУ Гоце Делчев н.Илинден,учителката Јана Павловска со своето одделение-1977

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука