Влатко Грозданоски-фудбал

0
263

ВЛАТКО ГРОЗДАНОВСКИ –ФУДБАЛЕР
Влатко Гроздановски е, жител на нашата општина ,живее во населеното место Мралино и ако бираме фудбалер на сите времиња од нашата општина сигорно тоа би бил тој.
Тој е фудбалер со најдолг прволигашки стаж ,со најмногу настапи во државната фудбалска репрезентација,со најдолга кариера играјќи во Македонија и странство ,кој призлегува од нашата средина.

Влатко Грозданоски,роден на 30 јануари 1983 во Скопје.

Својата кариера ја започна во 1999 година играјќи за Цементарница. Неговиот прв натпревар за Цементарница 55 Скопје во Македонската прва лига го одигра на 25 март 2000 година кога имаше само 17 години.
За Цементарница 55 Скопје играше во финалето на купот на Македонија против фудбалскиот клуб Победа. Дел од Цементарница 55 Скопје беше до декември 2002, а потоа потпиша за фудбалскиот клуб Вардар каде остана 1,5 година.
Со Вардар Скопје го освои првенството на Македонија во сезоната 2002/03. За сезоната 2001-2002 ја доби наградата за најдобар млад играч во Македонската прва лига.
Во август 2004 потпишува 2 годишен договор со најтрофејниот кипарски фудбалски клуб Омонија од Никозија. Со кипарскиот клуб Омонија го освои Кипарскиот куп и Супер купот во 2005 годна. Влатко беше награден за најдобар млад странски играч во Кипарската прва лига за сезоната 2006-2007.Во Омонија Влатко се задржа 3,5 години во кои на 71 натпревар постигна 9 голови
Во јануари 2008 потпиша две годишен договор за фудбалскиот клуб Војводина. Во првите 6 месеци имаше добар настап со постигнување на 6 гола во 13 натпревари.Во Војводина се заджува 2 години.
Во јануари 2010 година потпишува 1,5 годишен договор со кипарскиот фудбалски клуб АЕЛ од Лимасол.За АЕЛ дебитира на 1 март 2010 година на натпреварот против Неа Саламина.
Во сезоната 2011/12 се врати во македонското фудбалско првенство и потпиша едногодишен договор со Вардар со кого ја освои македонската лига.
Во 2012 Гроздановски потпиша договор со кинескиот клуб Љаонинг.

Значи покрај настапите за домашните прволигаши тој настапувал и за повеќе инострани клубови како: Омонија,Војводина,АЕЛ Лимасол,Дамаш Иран,Лионинг Вовин,Персеполис и други.
За младинската репрезантација до 17 г.,одиграл 2 натпревари.
За младинската репрезентација до 19 г.,одиграл 3 натпревари.
За младинската репрезентација до 21 г.одиграл 14 натпревари
За сениорската репрезентација одиграл 50 натпревари.
Со својата успешна кариера тој сигурно е идол на многу млади талентирани фудбалери од нашата средина .

Денес раководи со фудбалската школа „ГРОЗДАНОСКИ“,во која стотици деца ги изучуваат фудбалските вештини.
Населба Илинден му посакува добро здравје и среќа во животот.

Претходниот артикал,Дејан Ангеловски-Атлетика
Следната статијаВалентина Радуловиќ-ракомет

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука