Пештера Дона Дука

0
134

Оваа пештера е меѓу првите  истражувана  пештера на територијата на Република Македонија .

Нејзиниот отвор е широк околу 3 метри и висок околу 1 метар со должина од околу 65о метри, спаѓа меѓу поголемите пештери во Македонија, а од Скопје оддалечена е само неколку километри , се наоѓа во близина на Рашче .

Пештерата е богата и со пештерски украси од различен вид. Во хидрографски поглед, Дона Дука претставува сува пештера со незначителна појава на повремени, главно сифонски езерца настанати од водата капница.

Покрај своите спелеолошки особина, Дона Дука е богата и со пештерска фауна.

Во неа  се пронајдени и голем број на видови на пештерски сеноксци и лажни шкорпии.

Дел од сеноксците се и за првпат евидентирани за науката тука. Во пештерата се забележани и околу 15 вида на пештерски пајаци.

Од макро фауната, Дона Дука е дом и на неколку видови на лилјаци кои може да се забележат во првите галерии на пештерата.

За сега, пештерата е евидентирана како природна реткост .

Со малку поголема грижа за  пештерата, таа може да се претвори во убаво излетничко место во околината на Скопје

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука