Подршка за спортистите од Илинден

0
377

Доделени првите Решенија за финансиска поддршка за спортисти од општина Илинден!

Денес во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги додели првите Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.

При тоа, Градоначалникот Александар Георгиевски  истакна ова е само првиот чекор со  поддршка  од  општина за спортистите кои оствариле големи успеси во спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските

натпревари.

Оваа мерка содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари.

Претходниот артикал,Изградена е  Tрим патека, Ајватовци- Бучинци
Следната статијаБЕШЕ – А КАКО ?

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука