Изградената и уредената патека е во должина од 5 километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам,
Поставени се информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим патеката е обележана со патокази по нејзината должина, поставени се на неколку локации летниковци со клупи за одмор, како и корпи за отпадоци.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Совет, Верче Мицевска и директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, ја посетија трим патеката и истакнаа дека со изградбата се овозможува поголема искористенот на туристичкиот потенцијал кој го поседува Ајватовски ред и од големо значење е за оние граѓани кои имаат спортски и авантуристички дух.
Проектот за изградба на трим патеката е предвиден во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026 година.
Општина Илинден ја изгради ,а рекративците,спортистите и останатите посетители на оваа рекреативна локација треба да се грижат за поставените реквизити, со цел да ги користат повеќе генерации.