На регионалните пензионерски игри на ниво на Град Скопје, женската пензионерската екипа од здружението на пензионери од Илинден го освои првото место, во тегнење на јаже.
А, екипата на Илинден настапи во следниот состав:Славица од Марино,Убавка Ѓорѓиевска,Лилјана Ѓорѓиевска, Љубинка Петровска, Вера Трипуновска и Стојанка Богдановска.









































