* 17 мај 1395.- Крали Марко, според доста сиромашните историски податоци, загина како турски вазaл во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче. По погубувањето на неговиот татко во 1371 година во битката против Турците кај реката Марица, продолжи да владее со областите околу Призрен, Скопје и Прилеп. Епската поезија го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност и како заштитник на послабите. Тој е еден од најчесто опеаните личности во македонските народнг.ите песни.
Крали Марко е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани.Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само на Македонците, туку и пошироко.Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.
*17-ти мај,светски ден на хипертензија, за прв пат е воведен во 2005 година и има цел унапредување на јавната свесност за хипертензијата и поттикнување на граѓаните за превенција и контрола на овој тивок убиец.
*17 мај во 1943 година,на 24 годишна возраст обесен е Иљо Антески Смок. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнал столчето. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт.Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. (МИА)
*17 мај 1951.- Основана е Матицата на иселениците од Македонија.