КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ, КОГА ГРМИ

0
336

Најмногу грмежи има во Мај, Јуни, Јули и Август ,особено времето од верскиот празник Онена Марија ,време на големите жештини и Свети Илија громовник , еве неколку упатства како да се постапи за време на грмотевици.

 Како да се заштитиме од грмежите? Одговор на ова прашање,според науката и кажувањата на постарите  најважно да се засолниме во затворен простор.

Најдобро е да се влезе во некој ѕидан и затворен објект.

Ако куќата или зградата не ви е во близина, добро е да се остане во затворен автомобил.

Полуотворените простории, како настрешници или автобуски станици не се добро засолниште од громови.

Не треба да се стои покрај електрични столбови и високи дрва. Ако немате каде да се засолните – клекнете!  

Треба да одбегнуваме користење на  фиксни телефони. – Во случај на удар од гром, таа енергија може да помине и низ жиците и да стигне до слушалките.

Мобилните се кажува дека се побезбедни од фиксните ,ама подобро е да се користат во затворена просторија и ако е неопходно .

Не е добро да го полните мобилниот , затоа што уредот може да биде оштетен.

Гумените чевли се препорачуваат особено за оние кои работат на отворено, во полињата пример, затоа што претставуваат некој вид изолација.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -30 ЈУЛИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 ЈУЛИ.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука