– Цар Самоил и Убавата Билјана .

0
81

Во едно предание се зборува за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана.
Последниот македонски владетел царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина.

 Нивната љубов е раскажана низ две варијанти. Според првата, цар Самоил бил вљубен во преубавата Билјана, со која тајно се среќавал покрај изворите.
Сопругата на царот Агата, по потекло Гркиња  поставен поставила човек да ја застрела девојката.

По застрелувањето девојката се парализирала и така парализирана таа не сакала царот да ја види таква. И се скрила во некоја пештера не сакала во таква состојба да ја види царот.

 Кога го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал.

 Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото.
Според втората варијанта кога разбрала Агата за љубовта меѓу нејзиниот сопруг и Билјана ги испратила своите  браќа да ја убијат Билјана . Но кога браќата ја виделе таа убавина на девојката, се откажале од убиството.
Агата тогаш ја испратила Билјана во една пештера во Галичица, каде што му родила син на цар Самуил.

Претходниот артикал,ДушкоМитровски,со другарите на неговата свадба
Следната статијаКласната Дивна со своето одделение

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука