Легендата вели дека во многуте пештери во таа скала имало орлови гнезда каде се изведувале мали орли, а во некои имало пчели. Се претпоставувало дека таму биле закопани и многу богатства од античко време. Мештаните од тој крај раскажувале дека оваа скала го добила по некој Ратко кој често се качувал во пештерите да вади мед. Секој ден останувал се подолго и подолго. Тие го предупредувале да не јаде многу мед, за да не му се слоши. Му викале: – Јади, јади Ратко додека ти е слатко!
Еднаш прејал му се слошило и паднал во провалијата, од височина од околу 300 м. По него останало името Раткова скала.
. По стрмнините, рекичките прават мали водопади. Раткова Скала дава прекрасен видик на историското место Свиланово, каде загинал Никола Карев, но и кон Пробиштип и Злетово. На тој дел се распознаваат неколку локални рудници за неметали кои во моментот не се активни.