ОБИЧАИ ЗА МАЛА И ГОЛЕМА МОЛИТВА

0
1028

ОБИЧАИ ЗА МАЛА И ГОЛЕМА МОЛИТВА, КАЈ МАЈКАТА И НОВОРОДЕНЧЕТО.
. На четириесеттиот ден мајката, заедно со детето, оделе во црква на голема молитва. Според примерот на нашиот Господ Исус Христос и Пресвета Дева Марија, кои според Мојсеевиот закон, на четириесеттиот ден отишле во црква, мајката за прв пат, по породувањето, доаѓа во храмот со младенчето за да добие очистителна молитва, за да ја очисти Господ од нејзината душевна и телесна нечистотија, и да ја удостои да влезе во Светиот храм, а потоа да ја удостои да ги прими Светите Тајни. Таквото очистување е потребно затоа што мајката со раѓањето на детето му го предава наследниот (првороден) грев и сите гревовни немоќи: „Во грев ме роди мојата мајка“ (Псал. 50). Над младенчето се извршува обредот „воцрквување“, односно воведување во црква, или во заедницата на верните христијани.
Оваа молитва, четириесетдневна, позната е меѓу народот како голема молитва.
На големата молитва и претходи малата молитва,која се обавува веднаш по породувањето . Некои од домашните одат до најблиската црква и свештеникот им осветува вода (молитвата е за мајката) која првенствено е за мајката бидејќи 40 дена е нечиста и треба да се мие од неа а секако може да го мие и младенчето.
На враќање од црква, по обичај, на ручек одела кај нејзините родители, кај кумот, кај братот, кај сестра и или кај други блиски роднини.

Претходниот артикал,Свадба во Бујковци
Следната статијаЕВГЕНИЈА АТАНАСОВСКА ,ПЛИВАЧКА.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука