Народни верувања поврзани со ѕвезди
Едно од најраширените верувања кај македонскиот народ е она за судбинската поврзаност на луѓето и ѕвездите.
Се верува дека , секој човек си има своја ѕвезда,“Кога се раѓа човек се раѓа и ѕвезда. Додека тој живее и ѕвездата свети. Сјајните ѕвезди се на богатите, а темните на сиромасите.”
Некаде се верува дека за “За големите луѓе – големи ѕвезди“.
Кога се раѓа дете, се раѓа и ѕвезда. Ако ѕвездата е сјајна и голема, тогаш детето ќе стане голем човек.
Ако е некоја која одвај се гледа, цел живот ќе биде сиромав
Најчесто звездите се поврзуваат со среќата на луѓето и затоа постојат изреки како:
Тој има многу јака звезда,Тој има многу слаба звезда и затоа често го урочуваат,Тој има арна звезда,Тој има лоша звезда.Исто така се верува дека ако се родел будала ,не се раѓала звезда Во речиси сите села го забележавме верувањето дека ѕвездите никако не смеат да се бројат и да се покажуваат со прст,затоашто се верувало дека ако при тоа случајно ја погодиш својата ѕвезда ,тоа можело лицето лошо да се одрази врз здравјето и животот за лицето.










































