*ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА „ИЛИНДЕН“,населба Илинден
Слика горе :Старата железничка станица
Слика доле:Железничката станица денес
На горната фотографија група жители од Илинден 1942г.,го испраќаат Благоја Бошковски(Бејтовски)кога бил на отсуство
Кус историјат на железничкиот сообраќај и железничката станица „ИЛИНДЕН“
Во 1885 година започнала градбата на железничката линија Скопје-Врање.
Изградба траела две години,а на 9 јуни 1887година,била предадена во употреба.
Во 1888г. бил воспоставен железнички сообраќај Скопје –Врање,ова се одвивало со три локомотиви и 110 вагони ,повеќето од нив биле отворени.
Со исклучок на железничката станица во Миладиновци(тогаш Аџалари) останатите на потегот Скопје –Табановци биле покасно изградени .
Во 1926 г. на Скопје –Табановци, се изградиле 4 современи и од цврста градба и тоа:железнички станици во Душановац(Маџари),Ајватова
Железничка станица во Илинден ,како што се гледа била регистрирана како „АЈВАТОВАЦ“,иако с.АЈВАТОВЦИ ,по кое била именувана станицата оддалечено е од неа повеќе од 3 км.
Према кажување на постари жители од Илинден селото ,ова било сторено за инает, како одговор на тогашните власти поради нелојалноста на жителите од селото према власта.
Во 1941г. железничката станица била преименувана од Ајватовац во Илинден
Железничката станица во тогашно Белимбегово(денес Илинден) била една од најубавите не само но овој потег,туку и пошироко во Македонија .Станицата била изградена на два ката од кои долниот кат за нејзината намена ,а горниот кат служел за станови за железничките службеници.
Во 1963г .скопскиот земјотрес сериозно ја оштети таа многу убава градба ,по што горниот кат од истата беше урнат,додека долниот и денес постои кој денес служи како помошни простории .Околу 1970 г. до старата железничка станица е изградена денешната железничка станица.