Зошто се  крши  свадбарска погача

0
1110

 

Обичајот на кршењето погача од страна на родителите на младоженците за време на свадбените веселби апсолутно го има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска свадба на која не се прави овој обичај. Меѓутоа, малку е познато дека овој обичај претставува чист античко-македонски обичај.

Добриот познавач на животот и делото на Александар Македонски, германскиот историчар Урлих Вилкен, во своето дело “Александар Македонски”, опишувајќи ја свадбата на Александар и Роксана, пишува:

“Александар и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на Александар во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. “

Значи, суштината на овој обичај е кршењето, т.е. сечењето на погачата (лебот) за време на свадбениот ритуал. Симболиката на овој обичај тешко дека може да биде протолкувана, но факт е дека станува збор за автохтон античко-македонски обичај.

Текстот преземен од:https://forum.kajgana.com/members/macedoniansun.24526/

Претходниот артикал,ФК БУНАРЏИК -1977година
Следната статијаОбичајот „китење“на младоженецот

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука