Кадино – Основни податоци

0
1768
* Дополнета претходна објава со текст и фотографии
Кадино е распослано е во источниот дел на скопска блатија ,во неговата непосредна близина се наоѓат остатоци од разни историски периоди од римскиот,словенскиот и турскиот период.Од римскиот период најмногу остатоци се пронајдени во северниот дел,околу денешните гробишта,на потегот на Русалски Гробишта има остатоци од словенскиот период .
Денешната местоположба на Кадино настанала во турскиот период ,според кажувања името Кадино произлегува ,затоа што селото е формирано на имотот на турски кадија и поради тоа првото име на селото било „Кадиѓој“, а според други тука било седиштето на кадијата.Според пописите од 15 и 16 век на истото место се сретнува уште едно име на селото како,Ајдин Факих.
На источниот дел од Кадино се наоѓа месноста Баталија ,таму и во денешно време се наоѓат стари предмети и се смета дека тука постоела стара населба.Се прикажува дека на тоа место пред крајот на турско време во таа месност се водела голема битка помеѓу турците и арабанашка банда .
Пред крајот на турската империја ,истовремено кога комитското движење било се поактивно во скопско ,како и во другите села така и во Кадино ,турските власти доселиле во селото 100 муслимански –бошњачки фамилии за работа и за заштита на нивниот имот.
За време турско селото било чивчиско ,за време турскотука имала повеќе чифлиции на:Џавид –бег,Усеин –бег,Али –бег,Јусуф-бег,Беќир-бег и Јусуф-ефендија.
Во турскиот период Кадино располагало со голем атар,покасно во првата половина на 20 век (1921г.)биле одземени 50 хектари земја и доделено за формирање на с.Марино,а нешто покасно уште 200 хектари биле одземени за изградба на Аеродромот „Петровец“.
По првата светска војна Кадино доживува брз економски развој особено во земјоделсо-сточарското производство,при што се изорани голем дел од селската утрина и преобразени во ораница ,а во Скопје секојдневно се носеле од 1,5оо до 2,ооо литри млеко. Дотогаш водоснабдувањето се вршело од плитки ископи –бунари ,истите биле заменети со ископаниот бунар во 1936г.на длабочина од 46 метри.
На атарот на Кадино се наоѓат два крста подигнати во некое време кога селото било уништено од чума и за да затрае било заорано заобиколено со бразда со верување дека населението ќе биде заштитено од болести.
Црквата  Св .Илија изградена е од плитар во 1910 година,до изградбата на оваа црква населението своите црковни потреби ги обавувале во црквата во с.Таор.
Македонско население и нивно потекло, најстари фамили кои тука живееле и во турскиот период се:
Тргачевци,Филиповци,Стаменковци,Субашевци,Посерковци,Дуњешковци,Варварци,денес познати како Симоновци,а името Варварци го добиле по тоа што се доселенио с.Варвара-скопско,Најдовци,Китинчевци,Богдановци,Мурџевци,Корабџиевци,Димитријивци,Гoчевци,,Ваневци или стар назив Роглеви.
Македонски семејства доселени по заминување на турците доселени 1912 година се:
Златанови,Клинчарови или Атанаскоски,Стојанови,Ивановски,Ивковски,Филипоски,Николоски,Митрески,Софрониоски,Давчеви,Апостоловски и др.
Доселени родови во Кадино од 1920 до 1950 година се: Милошевиќи,Панајотовиќи(Балканџици),Велковиќи,Ранчиќи,Маниќи,Страхиниќи,Станковиќи,Карановиќи,Пејиќи,Павковиќи,Каменковиќи,Богдановиќи,Десниќи,Рогановиќи,Јовановиќи,Жигиќи,Радојици,
Исто тако од тој период имало и неколку цинцарски семејства.
Во меѓувреме,голем дел од погоренаведените семејства или еден дел од нив, се отселени од Кадино во некои од околните села,Скопје и на други места.
ПОГОРЕ НАВЕДЕНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА КАДИНО ИЗВАДЕНИ СЕ ОД КНИГАТА „СКОПСКО ПОЉЕ“ ОД ДР.ЈОВАН ТРИФУНОВСКИ, ИЗДАДЕНА ВО 1955Г. ВО БЕЛГРАД.
Школството во Кадино: Првото основно училиште по барање на населението отворено е во приватна куќа во 1928г.и во него учеле 60 ученика,пред тоа децата учеле во Бунарџик.
Во 1934г.започнала градбата на училиште кое е завршено во 1939г.со доброволен прилог на селаните и средства од државата.Прв учител во селото бил Никодин Урдаревски од село Чучер –скопско,кој во селото останал до 1930г.По извесно време во Кадино дошле учителите Надежда од Скопје ,Милева Радин од Далмација и Трајан Деловски од Битола .
Во 1945г. во Кадино за прв пат е отворено училиште по македонски јазик ,а први учители биле Јордан и Ирена Качишки,Миле и Вера Јакимовски, Александар Трајановиќ,Нада Димитрова,Стефанка Трифунова,Душан Проданов,Ангеле Арсов,Виолета Најденова,Даница Андонова,Васил Нерковски,Стојна Трајковска,Васил Кирков,Стојка Неркова,Панче Арсов,Марија Тасковска, Олга Сарчева,Марица Момчиловиќ и други.
Кадино денес преставува стопански развиено место на живеење ,со богата сообраќајна поврзаност со околните села ,автопати и Градот Скопје.

Со реконструкцијата на  локален пат  и  врската со автопатот А4, коридор Скопје-Атина, како  и за поврзување со регионалниот пат Р-103,Кадино доби набрз пристап до главните сообраќајни сообраќајници во нашата средина.

Со реконструкцијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел  со што се  се овозможува побрза и побезбедна комуникација.

Kадино,е меѓу првите села можеби и во Македонија каде е изграден е  првиот кружен тек

Со што неговата изградба ќе се олесни движењето на возилата и ќе се добие поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Во Кадино од секогаш спортот бил во прв план, ФК Кадино е  еден од постарите фудбалски клубови во нашата средина, а  оваа 2019 -та година  беше најуспешен во третата лига и стана член на втората фудбалска лига на Македонија .
Демографски податоци во Кадино: Во 1905г.-170жители,Во 1914г.-205 жители,Во 1921г-522 жители,Во 1948-782 жители,Во 1953г.- 788 жители,Во 1961г.-922 жители,Во 1971г.-1.160 жители,Во 1981г.-1.466 жители,Во 1994г-1.717 жители и Во 2002 г.2.090 жители и во 2021 -2340 жители.

Во периодот 1945-1955г., Кадино било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година,  е во составот на општина Илинден.

 


Денес Кадино преставува мешавина од рурална и урбана средина ,со модерни станбени куќи,економски развиена средина,на која во тек е изградба на еконоска зона ,која во перспектива ќе овозможи Кадино да стане уште попривлечно места за живеење.

Претходниот артикал,Населба Илинден (Поранешно с. Белимбегово)
Следната статијаАјватовци – Основни податоци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука