Свадбени обичаи-блага ракија

0
540

Свадбени обичаи-блага ракија

Неделата навечер по разидување на гостите ,останувале само најблиските,како еден од последните обичаи на денот на одржувањето на свадбата било првото легнување-првата брачна ноќ на младенците.

Тие, според обичајот, ја чекале веста за чесноста на невестата, која се докажувала со јавно покажувана кошула како доказ за нејзината чесност. Кошулата, потоа, и се давала на секрвата или на некоја друга жена, кои, откако ќе ја виделе кошулата, јавно соопштувале дека „невестата била чесна“. Во понеделникот наутро, невестата се водела на чешма за да наполни вода, додека свекрвата и мајката на деверот, облечени во народна носија, ги поканувале блиските роднини жени на блага ракија. Тогаш, им ја покажувале и кошулата за чесност на невестата. Послужувањето го правела невестата. Најпрво се послужувал свекорот и свекрвата, а потоа и останатите гости.

Но, за невести кои не ја докажале својата чесност ,биле применувани разни „сурови“ методи за нејзино исмејување да биде чуено и видено од народот.

Имало и случаи кога многу од невестите  „настрадале неоправдано“иако за тоа не биле виновни,но сепак чинот на невивост не можел да се види поради „другата страна-младоженецот“.

Но, и во овој случај главната вина ќе паднела врз невестата, таа била  ќе ја  обвиние  дека со магија  го „врзала“младоженецот.

Во поблиското минато  тоа се изведувало  на симболичен начин ,кога се служело и пиело блага ракија ,без методите кои се применувале во подалечното минато,при што изведувале разни шали и „скечеви“.Тоа обични се изведувало кога преоблечени жени во машки извршувале разни смешни дејствија,палејќи го долната облека на најблиските свекрвата ,кумата ,старејчицата итн. Сепак,ваквите обичаи во нашата средина се веќе минато, се  спроведувало во подалечното минато ,за разлика од денес кога веќе тоа и не се изведува.

Претходниот артикал,Pодот Шкодреви -1943 година
Следната статијаСВЕТИ ПЕТКА-ЛЕТНА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука