Марков манастир-Скопје

0
477

Најважен сочуван документ во Марковиот манастир претставува натписот во црквата, над јужниот влез, кој дава податоци за обновата на манастирската црква и за нејзините ктитори. Натписот ја има следната содржина: ‘ Се обнови овој пребожествен храм на светиот великомаченик Христов, победоносец и чудотворец Димитриј, со усрдието и грижата на благоверниот крал Волкашин со благоверната , кралица Елена и премногу љубените нивни ќерки и синови, благоверниот крал Марко и Андреаш, Иваниш и Димитар, во годината 1377.

Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко .Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год.Во почетокот на XIX век во манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.

 Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно протранство, со купола што се издига над централниот дел, носена од четири камени столбови. Нартексот е одделен со троделен отвор од наосот, а во

Меѓу зградите на конаците се наоѓа старата трпезарија која има форма на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Ѕидовите на трпезаријата биле покриени со фрескоживопис.

 Првобитниот иконостас на црквата наполно е зачуван. Тој се состои од камени столбови со капители кои се орнаментирани, со што потсетува на камените иконостаси на Св.Пантелејмон во Нерези, или  црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Дел од старите икони се зачувани, меѓутоа, тие биле пресликани во периодот на XIX век.

Денес овој верски црковен храм и неговата околина преставува голем предизвик за посета и одмор во оваа природна убавина.

 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука