Обредна песна за Ѓурѓовден

0
13

Ѓурѓовден е еден од верските празници за кои се поврзани разни обичаи и народни верувања,еден од нив е „нишање“на јаже,при што се изведуваат разни песни.

Обредни песни

Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,

да кој ти рече да дојдеш?

– Мене ми рече Велигден!

Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,

брго по мене да дојдеш,

по тебе шума и трева,

по трева идат ќејаи,

по ќејаи идат овчари

Од гранка в гранка, ај Ѓурѓе ле,

јунаку в рака.

Викум вукаше фидан Јован, Ѓурѓе ле:

– Кротко фрлајте, ај Ѓурѓе ле,

моето моме!

Да не ми падни, ај Ѓурѓе ле,

да се отепа.

Јаже јажливо, ај Ѓурѓе ле,

дрво црвливо

дрво шупливо, ај Ѓурѓе ле,

место камливо.

Чекај ја чекај, фидан Јован,

у десна рака,

у десна рака фидан Јован

у лева пола.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука