23 октомври1893.– Била формирана Македонската револуционерна организација (МРО), а нејзини основоположници биле: Христо Батанџиев – професор, родум од с. Гуменџе, Ениџевардарско, Даме Груев – професор, родум од Смилево, Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, родум од Кукуш, Петар Поп Арсов – професор, родум од с. Богомила, Велешко и Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово, Солунско. На конгресот во Солун во 1896 година била наречена Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО), а подоцна, на Рилскиот конгрес во 1905 г. била преименувана во Внатрешна македоноодринска револуционерна организација (ВМОРО)
дома Верувања и Обичаи Празници: Обичаи, народни верувања, традиции 23 октомври Ден на Македонската револуционерна Организација






































