Кадино,реконструирано игралиштето за мал фудбал

0
68

 Во пресрет на Денот на независноста на Македонија 8-ми Септември, жителите од Кадино добија комплетно , реконструирано фудбалско игралиште за мал фудбалу, каде младите ќе можат да го поминуваат слободното време во спорт и рекреација.

Поставена е нова вештачка трева, ново лед осветлување, променета е заштитната ограда, поставени се нови голови, клупи, корпи за отпадоци, партерно уреден простор, така што ова фудбалско игралиште доби комплетно нов лик.

 Реконструираниот терен за мал фудбал свечано беше пуштен во употреба со одигрување на натпревар помеѓу екипите составени од вработните во општината и месното население.

Средствата за реконструкцијата ги обезбеди Општина Илинден.

Покрај игралиштето во Кадино во наредниот период и другите населени места каде што нема,очекуваат вакви или слични спортски терени пред се за рекреација на населението.

 

Претходниот артикал,ПРВАТА АКВИЗИЦИЈА-Гоце Георгиевски
Следната статија14- Септември 1945г,отворено прво Основно Училиште во н. Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука