„БОЖИК“-ДЕН НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ.

0
145

„БОЖИК“-ДЕН НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ.

Спаѓа во најголемите празници кој секогаш паѓа на 7 јануари, најпрво рано наутро се одело на во црква на богослужба и на причесна , а потоа задолжително во дворот на црквата се организирала масовна игранка,која траела до вечерните часови.Во Илинден како прва мрсна храна, со која симболично се „замрсувало“ месното население после долгиот пост пред Божик, биле врапчињата. Тие, неколку недели пред Божик, претходно, биле фаќани од децата во вечерните часови „на спиење“по стреите ,копите слама итн.и сушени околу ќунците на шпоретите. Ова, всушност, било само симболика пред богатиот мрсен ручек кој, на овој ден, се подготвувал во секое семејство. На овој ден жителите се поздравувале со „Христос се роди – навистина се роди„, Празникот се празнувал три дена.

Претходниот артикал,„КОЛЕДЕ“ 
Следната статија„НЕКРСТЕНИ “ ДЕНОВИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука