Св.маченички Софија,Вера,Надеж и Љубов

0
1029

МАЈКАТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ ВЕРА,НАДЕЖ И ЉУБОВ
На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.
Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните.
На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Претходниот артикал,КРСТОВДЕН
Следната статијаСвета Злата Мегленска

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука