Свечено одбележан Св. Трифун

0
173

Секоја година на 14 февруари  на Свети Трифун, во нашата средина со посебни свечености  се обележува овој ден, а особено во Ајватовци и Бучинци .

Во Ајватовци на чинот на закројување и избор на најдобрите вина претходеше литургија во црквата Св. Трифун во селото, каде се одржува и манифестацијата.

Со свеченото закројување на виновата лоза во новата календарска година и почнуваат да ги кројат  лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи, според народните верувања, токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето.

Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност.

Покрај погоренаведеното во Ајватовци се одржува традиционалната манифестација САЕМ НА ВИНОТО,на кој се изложува вино од нашите лозари , а посебна стручна комисија„Вински витези“, прогласува трите  најдобри, Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски им додели признанија.

На овогодишната манифестација стручната комисија за најдобри ги прогласи:

1- во место Борче Божиновски
2- ро место Страшо Ангеловски
3- то место Љупче Думитриевски

Прво место го освои Борче Божиновски од Илинден

Второ место го освои Страшо Ангеловски од Ајватовци

Трето место го освои Љупчо Димитриевски од Ајватовци

Претходниот артикал,ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ акрил на платно 60 – 80 2023 година
Следната статијаСв. Трифун,одбележан и во Бучинци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука