ВЕЛИКИ ПЕТОК

0
643

Светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, коишто Он заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, багреницата, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, на крајот – Крстот и смртта, а сето тоа се изврши во петок. Затоа, богоносните отци ни заповедаа да вршиме спомен на сè она што се збидна оној Петок, со скрушеност на срцето и со умиление. Треба да се знае дека Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден. И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружи рацете кон забранетото дрво, го допре и умре. Бидејќи требаше, во оној час кога бидна падот, во истиот час да биде и пресоздавањето. Некои светители велат дека, според извесни преданија, на местото Голгота бил погребан од некој ангел самиот праотец Адам. А таму каде што е трупот, таму доаѓа и орелот – Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.

На Велики Петок  нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смртта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.

Според старите обичаи за Велики Петок:
Велики петок строго се празнува.

Се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата,реките,изворите и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото. Исто така, на овој најтежок празник кога Исус бил распнат, не се работи физичка работа.

Велики Петок ,треба да се посвети семејствата е припремање за славење на Велигден.

Во некои краеви на малите девојчиња им се врзува косата под врба, за побрзо да им расте.

Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи.

Жените на овој ден не смеат да земат игла во раце, зошто се верува дека ќе им се појават плускавци.

На овој ден се почитува строгиот пост, дома не се пали оган, не се готви па дури и леб не се меси тоа утро.

Исто така на овој ден не се слуша никаква музика, не бијат ниту црковните ѕвона.

Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика сабота ќе го сонат својот иден маж.

На Велики Петок не се јаде ништо  пржено на масло, се јаде само овошје и зеленчук.

Претходниот артикал,Ученички во народна носија-1994 година.
Следната статијаСтефан Додевски-Продуцент на електонска музика

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука