Со своите 43 хектари Скупи било 2 пати поголемо од Стоби, пет пати од Хераклеја кај Битола или девет пати од Баргала кај Штип. Катастрофата што ја опустошила провинцијата Дарданија, со епицентар во Скупи, ја опишува хроничарот Марцелин Комес. Тој запишал дека во провинцијата Дарданија: „од тешкиот земјотрес се срушиле 24 каштели (градски тврдини), од кои што два пропаднале во земја заедно со сите жители, во четири половина од своите жители ги изгубиле животите, во единаесет градски тврдини настрадало третина од населението, а девет тврдини биле упропастени, при што загинало четвртина од населението.“ Тој понатаму тврди дека во земјата се појавила пукнатина долга околу 45 км, а широка 12 стапки. Метрополата Скупи била срушена до темел, но жителите не настрадале, затоа што пред катастрофата побегнале од градот зошто имало непријателска наезда од напаѓачи. Според описот на Комес, преживеаните жители на Скупи подигнале нов град во близината на нивните домови и храмови низводно по текот на Вардар – на местото на денешно Скопје
дома ЗАБАВА Дали знаете 28 април 518 година се случил катастрофален земјотрес кој го разрушил Скупи...