Предајник Радио Београда у Скопље, Краљевина Југославија (1941 г.)
Првото радиоемитување во Вардарска Македонија датира од јануари 1941 година, кога српските власти пуштат во работа среднобранов предавател во Хиподром -Маџари. Овој предавател работил како релејна станица на Радио Београд на бранова должина од 631.5 kHz. Со моќност од 20 kW – тогаш најсилен предавател на територијата на Балканот и четврта радиостаница во среднобрановото подрачје во некогашното Кралство Југославија.










































