Салата Македонија

0
74

Овој вид салата направена е од различни овошја сецкани на ситни парченца. Најчесто се служи за десерт. Рецептот може да варира, но состојки како портокал, банана и јаболко се содржани во скоро сите варијанти. Зборот „Македонија“ со значење мешана овошна салата бил популаризиран на крајот на 18 век, посочувајќи на разновидните потекла на луѓето во Македонското Царство на Александар Велики.

Во Македонија постои легенда дека првпат била направена на Версајскиот мировен договор во 1919 година, каде што била послужена како десерт на преговарачите, а името ѝ го ставил главниот готвач кој бил по потекло Македонец и со ситното сецкање на овошјата алудирал на состојбата на својата држава во тоа време, но не постојат апсолутно никакви показатели дека било кој дел од ова тврдење има основа.

Претходниот артикал,„Бурнеше “
Следната статијаГоренички мост-уништена убавина

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука