Едрилица-Илинденка

0
51

 Во Скопје во 50-те години била формирана фабрика за воздухоплови во која се изработувале едрилици кои биле меѓу најдобрите во светот. Било основано и прво претпријатие за овие воздухоплови под името „20 Мај“ лоцирано каде подоцна се изгради АЛУМИНА. Проектот бил тука, еланот кај вработените веќе бил кренат на високо ниво, а со колективна согласност едрилицата е крстена Илинденка. Следел пробниот лет на некогашниот аеродром во Скопје во денешната населба Аеродром. На пробниот лет присуствувала и  комисија на Сојузна управа за цивилна воздушна пловидба на СФР Југославија. „Илинденка“ веднаш добила сертификат и сопствена регистрација. Следело и сериското призводство. Оваа едрилица бргу ја стекнувала својата слава во сите аероклубови во тогашна Југославија. За жал, поради мал број нарачки на едрилици „20 Мај“, западнал во финансиска криза. Две „илинденки“ денес се наоѓаат во Музејот на воздухопловството во Белград.

Претходниот артикал,ООУ „Гоце Делчев“-н. Илинден
Следната статијаВИСТИНСКИ ПРИРОДЕН МЕД

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука