Игра ,,Ластик”

0
802
Со отпочнување на поубавите пролетни денови ,започнуваа и детските игри ,надвор во дворовите ,улиците итн.Една од нив беше играта „ЛАСТИК“ која пред се беше играна од девојчињата.
Постојат повеќе видови игри со ластик, но секогаш се потребни минимум тројца играчи.
Двајца играчи застануваат на спротивни краеви и со нивните нозе го држат ластикот. Има одредени „кореографии“ и песни кои мора да се знаат за да може да се учествува. При секоја успешно изиграна кореографија, се покачува висината на ластикот.
Што се однесува до олимпијадата, исто така двајца го држат ластикот, но овој пат додека се пее песничката„Олимпијада“, тие мора да направат некоја заплеткана ситуација. Потоа нивните соиграчи мора да поминат на другата страна од ластикот, без да го допрат (нешто слично како кога на акционите филмови, крадците во музеј поминуваат низ ласери…).

 

Претходниот артикал,Играта ,,Плочка”
Следната статијаИгра ,,Долга магарица”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука