Играта ,,Плочка”

0
842

Со првите увави денови игрите кои се изведувале во затворени простории се селеле по дворните места ,улицата,тревниците итн.,меѓу нив била и играта ПЛОЧКА.
Играчите мора да скокаат од едно во друго поле, без да ги згазнат линиите.Оваа игра се смета за „женска“ затоашто неа повеќе ја играле девојчињата, а истата игра во помал број ја изведувале и машките деца.
На земја се црта шаблон со дрвце , во кој броевите од 1 до 8 се распоредени во квадратчиња по ред. Некои од нив се во колона по едно, а други по две. Првиот играч од определено растојание мора да ја фрли плочката прво во квадратчето означено со број 1 за да започне. Доколку го погоди започнува со скокање во полињата (каде што има едно квадратче – со една нога, каде што се две едно до друго – со две нозе истовремено). Кога ќе се врати, мора да ја подигне плочката од полето. Потоа продолжува така што ќе проба да го погоди второто поле, па третото…сè додека не го промаши полето или не згази на линија. Во тој случај друг играч доаѓа на ред.
На крајот од шаблонот стои полукруг означен како „пекол“ и доколку падне плочката таму, мора да се почне од 1. На крајот од играта, откако ќе се поминат сите броеви, треба да се фрли надвор од пеколот, но кога ќе се тргне по камчето, не смее да се стапне во него. Скокот во овој момент се изведува со една нога. Победник е оној кој прв ќе ги помине сите квадратчиња и ќе се врати безбедно

Претходниот артикал,Играта „Примка“
Следната статијаИгра ,,Ластик”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука