Драган Ѓуровски,најуспешен оратор

0
635
Клубот на оратори “FORUM ORATORES” и оваа година традиционално учествуваше во подготовката и обуката на учесниците на ораторскиот клуб “Гарда на мудроста” при СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”.

Под менторство на Бисера Шегмановиќ, Ангела Петровска, Тамара Кунцулова и Дорис Христовска – членови на извршниот одбор на клубот и проф. Анета Стефановска од самото училиште, се одржаа интензивни двомесечни обуки.

Говорите на младите оратори кои се претставија на јубилејната 20та ораторска вечер на училиштето беа оценувани од тричлена комисија, со следните резултати:

прво место: Драган Ѓуровски

второ место: Моника Стојковска

трето место: Леонора Стојкова

Им честитаме на сите учесници и ги охрабруваме да продолжат да го негуваат убавото говорење.

Инаку на Драган ова не му е прв ораторски настап, досегашни настапи:

-Во 9-то одделениее ООУ„ Гоце Делчев“ го  освои второто место.

-Во прва година во Васил Антевски Дрен го освои трето место на ораторската.

 -И оваа година, трета година средно во Васил Антевски Дрен го освои прво место.

Што се однесува до неговата надараност за ораторство , Драган до сега учествувал  и  се докажал и на други ораторски средби со кои воспостави одлични приеми кај публиката.

Претходниот артикал,Eкипата на ООУ „Ристо Крле“ први на турнирот
Следната статијаГоран Стаменков –Уметник

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука