Оваа планина е дел од планинскиот масив од Демир Хисар која длабоко под своите пазуви го негува највисокиот врв Лиска со 1908м.
Името го добила по Пророкот Илија, на кого е посветен и еден манастир Св. Илија,,над селото Големо Илино.
Планината изобилува со густи планински шуми и пасишта, извори на неодолива ладна вода и разновиден животински свет.
Сместена е на југозападниот дел на Македонија, а со Бигла и Плакенска Планина чинат единствен планински ланец.
Илинска Планина се вбројува меѓу еколошки најчистите места во Македонија бидејќи располага со најчисти шумски и лековите билки и плодови.
Поради неверојатно чистиот воздух и идеалната клима, ова место е измислено како за зимски така и за летни планинарски тури.
Љубителите на природата вистински ќе ја почувствуваат сета убавина и благодет која извира од секоја недопрена идила.
Од самиот врв се добива глетка на целиот западен ден на Република Македонија, вклучувајќи ги и двете најголеми македонски природни езера, Охридско и Преспанско Езеро.
Исто така, може да се видат и врвот Пелистер, целата област Железник (Демир Хисар), градот Кичево, планините Бистра, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб и целата област на котлината Дебарца со планините Караорман и Јабланица.