Кинескиот ѕид бил граден со векови – првата тврдина за одбрана од разни напади е создадена во петтиот век пред Христа, а изградбата продолжила се до 17. век. Најпознатите делови од ѕидот биле изградени помеѓу 15. и 17. век, за време на на династијата Минг, кога ѕидот добил карактеристичен облик кој го гледаме на фотографиите денес.

Зидот се протега од степите на Средна Азија до Жолтото Море, должина од 8.851,8 км, а изграден е од земјата, камен и цигла.
На неговата изградба работеле повеќе од 300.000 работници , а некои историчари тврдат дека ѕидот го изградиле речиси два милиони работници, и дека многумина од грдителите завршиле со сериозни последици поради страв, замор или несреќа, како и дека телата на некои од нив дури биле вградени во ѕидот, што никогаш не е докажано.

Целиот ѕид се протега на вкупно 8.851 километри, со просечна висина од 10 до 16 метри, и ширина од 8 метри. По целиот ѕид, во соодветна големина, има подигнато стражарници, а на врвот има патека од 4,5 метри. УНЕСКО, во меѓувреме, оваа градба ја вклучи на листата на светско наследство, а до денес останува една од најфасцинантните градби кои се направени од човечки раце.
Големиот ѕид на Кина е сведоштво за знаењето, истрајноста и уметноста на најмногубројниот народ во светот и денес истиот е најголемата туристичка атракција на Кина.








































